Casual Chic

И конечно ни дојде петок. Се надевам вашиот го поминувате во добро расположение за разлика од мене. Во принцип ден потрошен на учење и надевање дека не сум болна туку само ми се причинува е доволно за да го сместам овој ден во еден од полошите.
Да не должам многу ќе ве препуштам веднаш на новиот пост. Едноставна, лежерна комбинација составена од скинати фармерки со висок струк, чипкан краток топ и чизми до глужд кои ми се омилени сезонава.

Голема благодарност до Derdevil Photography за фотографиите и до  Штала што дозволија да сликаме таму.

Се надевам ви се допаѓа, се читаме во понеделник.
xoxo

Капут: Zara;
Фармерки: H&M;
Топ: Zara;
Сако: Peacocks;
Чизми: Derimod;
Чанта: Mona;
Ремен: Mango;

10846852_778067768925599_1867760222_n
Continue reading

Advertisements

Fallen leaves

Иако кај нас годишните времиња повеќе не се толку јасно делливи, сепак сметам дека е прикладно во чест на претстоечкиот крај на есента да споделам пост инспириран токму од неа. Претпоставувам ви текнува и на мојата љубов кон црно-бели парчиња земено предвид дека секој досегашен пост тоа е тема на муабет..
Па, како што ветив еве нешто поколоритно. Јасно ми е дека се уште се држам до своите сакани неутрални нијанси, но со тек на време надежно ќе дојдеме до посакуваната цел.
До тогаш се надевам ќе уживате во овој пост, а во петок ќе наминете повторно.

Фармерки: Zara;
Капут: Zara;
Блуза: Zara;
Чизми: Zara;
Чанта: Carpisa;
Часовник: Azzaro;

Фотограф: Derdevil Photography

10846643_776385232427186_1434071882_n
Continue reading

Casual Fall

Здраво здраво. :) Знам дека е доцна, но сепак понеделник уште не е завршен. Вчера се сретнав со Derdevil Photography, па еве ме назад со нов аутфит пост како што ветив.
Претпоставувам веќе е очигледно дека во мојот плакар претежно може да најдете црни/бели парчиња, но се одлучив овојпат да одберам малку боја (бидете фини и преправајте се заедно со мене дека тексас кошула и сини наочари се сепак освежување), но ветувам дека во иднина ќе се потрудам да внесам повеќе нијанси.

Се надевам ви се допаѓа, се читаме во среда. :)

Фармерки: H&M;
Маица: Stradivarius;
Кошула: Stradivarius;
Јакна: Zara;
Чизми: Mango;
Чанта: Mango;
Очила: Ray-Ban;
Часовник: Axcent Exotic (достапен во My:time)
Ремен: Mango;
10818970_776398165759226_1769857121_n
Continue reading

Dress-down Friday

Без сомнеж секој петок е долгоочекуван и се надевам денешниот засега ви поминува одлично.
За овој пост спремив уште еден аутфит-фаворит, доста лежерен и прикладен за петок како кежуал ден. Да бидам искрена од секогаш сум била љубител на црно, но последнава година љубовта драстично порасна па некако постојано се вртам околу црно-бели минималистички парчиња и комбинации. Свесна сум дека ланчето кое во последно време е мој најдраг избор, е далеку од минимализам, но затоа пак секоја поедноставна комбинација прави да блеска и се надевам колку-толку го разигрува целокупниот изглед.

Толку од мене, ве препуштам на фотографиите за кои сум и благодарна на Марија. Вам се надевам ви се допаѓа постот и благодарам за посетата.

Се гледаме во понеделник, xo.

Блуза: Mango;
Сако: Zara;
Фармерки: Kotton;
Огрлица: Zara;
Очила: Ray-Ban;
Часовник: Lanvin;
Чанта: Michael Kors;
Чевли: Massimo Dutti;
11.jpg

Continue reading

Little black jacket

Здраво на сите. Помина доста време откога го објавив својот последен аутфит пост, но за среќа од денес Македонски Моден Блог е активен повторно и се надевам ве радува тоа. Почнувајќи од денес следам нов распоред, па секој понеделник, среда и петок е аутфит пост ден.

За почеток одбрав комбинација која е мојата омилена лежерна ‘немам ништо да носам’ комбинација. Во ниту еден случај гламурозна, но по мое видување доста шик и нослива. Очигледно љубовта за црно-бели комбинации не замина.

Исто така, би сакала да се заблагодарам на Derdevil Photography за неговата трпеливост и соработка. Свесна сум дека позирањето не ми е најсилна страна, но секоја среќа тој е вешт во својата работа, па на крај сè излезе супер.

Се читаме наскоро!
xo, Мери.

Јакна: Zara;
Блуза: Zara;
Фармерки: Zara;
Патики: Zara;
Чанта: Mango;
Очила: Ray-Ban;
Часовник: Axcent Exotic (достапен во My:Time)
littleblackjacket04
Continue reading